ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Ја градиме образовната инфраструктура“

Во наредниот период ќе продолжиме со инвестирање во опремувањето на училиштата и на училишните кабинети. Ќе обезбедиме опремување на кабинетите за стручните предмети во сите средни стручни училишта со соодветни нагледни средства, модели, машини и алати за струката што ќе можат да се користат во рамки на наставата и на практичната работа. На таков начин ќе се овозможи реална практична настава преку која учениците ќе се здобијат со соодветни компетенции и вештини, па дипломата стекната во средното стручно образование ќе ја добие својата вистинска вредност на пазарот на трудот. Со оглед на фактот дека повеќе од дваесет години не е инвестирано во опрема во гимназиите, ќе ги опремимекабинетите по предметите: биологија, хемија, физика, географија и математика. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 2011 – 2 милиони денари, 2012 – 30 милиони денари, 2013 – 50 милиони денари, 2014 – 60 милиони денари, 2015 – 60 милиони денари. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Проктот за опремување на училиштата и училишните кабинети беше дел и од минатите предизборни ветувања на владеачката партија и истиот продолжи да се реализира и во новиео мандатен циклус. Реновирани се гоелм број на училишта и училишни кабинети, како и изградени се спортски сали во веќе постоечките училишта. Детална листа за што се е опфатено со проектот во периодот 2011-2014 година може да се најде во Отчетот на Владата на РМ за сработеното2011-2014, а линковите подолу ќе ви покажат дел од реализираните проекти.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција