ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Лепеза“

Преку подобрување на проектот „Лепеза“ во соработка помеѓу државните институции и приватните компании ќе продолжиме со поддршка за враќање во цивилен живот на професионалните војници на кои им завршува службата во АРМ, што меѓу другото подразбира и поддршка за самовработување, вработување и отпочнување на сопствен бизнис, овозможено преку активните мерки на Владата на РМ.

Образложение:

Професионални војници, на кои службата во Армијата им престанала со навршени 38 години возраст, станаа посебна целна група во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика и беа опфатени со Програмата за самовработување, Програмата за субвенционирање на вработување и Програмата за подготовка за вработување, како и други програми. Дополнително, во јануари 2014 година, беше потпишан договор за соработка за спроведување на проектот „Лепеза“ меѓу Македонија и Норвешка. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 11.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција