ВМРО-ДПМНЕ: Летен училишен камп со познати спортисти и спортски тренери

Летниот училиштен камп со познати спортисти и спортски тренери е замислен како проект за валоризирање и наградување на најуспешните ученици кои се натпреварувале и оствариле голем резултат во училишните спортски лиги. Повеќе од 300 учеснци избрани од најистакнатите ученици во екипните спортови, како и победниците во индивиду-алните спортови, ќе бидат наградени со учество во Летните кампови, кои ќе бидат организирани по завршувањето на натпреварите од училишните лиги во времетраење од 7 дена.На Летните училишни спортски кампови учество ќе земат познати спортисти и спортски тренери, кои ќе им ги презентираат спортските вештини на учениците, ќе ги тренираат и ќе ги едуцираат. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Спортските летни училишни кампови во организација на  Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата на училишен спорт на Македонијаво континуирано се реализираат од 2010 година. Секоја година на камповите кои се одржуваат  во летниот период во Дојран и Охрид  учествуваат ученици-спортисти од основните и средните училишта , и се натпреваруваат во повеќе спортови.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција