ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Мали ама големи“
Со цел да им се помогне на микро и малите бизниси со вкупен годишен приход до 3 милиони денари, уште во текот на 2011 година, ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го укине данокот за овие претпријатија!
Образложение:
Со последните измени на Законот за добивка од месец октомври 2011 година, малите и микро даночни обврзници, односно претпријатија кои остваруваат вкупен годишен приход од 3 милиони денари во текот на една година, се ослободени од плаќање данок. Тоа што овие претпријатија треба да го направат е да поднесат образец до Управата за јавни приходи.
Со тоа ова ветување е исполнето.
Линкови:
- Курир (18.10.2011): Укинат данокот за мали претпријатија [Пристапено на: 04.09.2012]
- InPress (18.10.2011): УЈП – Ослободување од данок на добивка за приходи до 3 милиони денари [Пристапено на: 04.09.2012]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар