ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Мариово“

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализација на проектот Мариово, кој во себе ќе ги имплементира следните активности: Ќе ги изградиме хидроцентралите (Галиште и Чебрен); Ќе изградиме соларни централи; Ќе извршиме ревитализација на селата во Мариово од аспект на производство на еколошка храна; Ќе го поттикнеме развојот на сточарството во ревитализираните села; Ќе го промовираме развојот на екотуризмот и руралниот туризам, меѓу другото и преку изградба на сместувачки капацитети. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во изминатиот период беше одобрен  првиот ИПАРД-проект за развој на сточарството во Мариово.

Што се однесува на делот од ветувањето посветен на изградбата на хидроцентралите (Галиште и Чебрен) како и изградбата на  соларни централи, овие проекти се уште не се остварени.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Малер ги бие Чебрен и Галиште, ќе донесе ли среќа десетиот обид за изградба на овој митски проект?

[Пристапено на: 14.04.2014]

Прв ИПАРД-проект во Мариово [Пристапено на: 14.04.2014]

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција