ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Математика со логика“

Изминатите години резултатите на нашите ученици во рамки на меѓународните студии по математика (TIMSS 2003 година) беа под интернационалниот просечен резултат по ученик. Исто така, при полагањето на државна матура, учениците изминативе години во помал број се определуваа за полагање на предметот математика, особено на напредното ниво. Токму затоа, сметаме дека особено е важно да се зајакне изучувањето на математиката во училиштата, но не преку додавање на нови содржини и оптоварување на програмите, туку со нов пристап во изучувањето. Во основните училишта ќе организираме обуки за наставниците како да ја предаваат математиката на поефикасенначин со користење на разновидни стратегии и нагледни средства, а учениците ќе се поттикнуваат да размислуваатлогично и да не развиваат отпор кон овој предмет. За подготовка на нови наставни наставни програми и прирачници ќе обезбедиме 600 илјади денари, а за обука на наставниците ќе обезбедиме 2,4 милиони денари. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во рамки на проектот “Математика со логика“ досега се направени низа активности. Издаден е прирачник со помош на УСАИД за наставата по Математика во 21 век. Во текот на 2013 година, бирото за развој на образованието организирало обуки на наставниците од основните училишта за примена на прирачникот за математика со логика за учениците во IV одделение.

Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција