ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Млади уметници“

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерство за култура и Министерството за образование и наука, воосновните и во средните училишта ќе иницира воведување секции за сите заинтересирани ученици за глума, театар,сликарство и за вајарство.Во соработка со Министерство за култура, професионалци од ова поле ќе ги воведуваат учениците во историјата и во тајните на театарот, операта, балетот, филмот, вајарството и сликарството. Со овој проект ќе се развие културата и позитивниот тренд за посета на културни настани кај младите во нашата држава. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Преоктот “Млади уметници“ не е реализиран. Во Отчетот на Владата на РМ, овој проект се наоѓа во делот на неисполнети прокети, како што е напоменато “поради недостиг на финансиски средства во рамки на буџетот наменет за секторот млади“.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција