ВМРО-ДПМНЕ: Младински информативни и советодавни центри

Во 2010 година го отворивме првиот Младински информативен и советодавен центар во Прилеп. По примерот на првиот центар, ќе отвориме нови 7 регионални информативни центри во Куманово, Охрид, Штип, Струмица, Гевгелија, Битола и во Гостивар, како и 3 центри во Скопскиот регион. Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, која, за реализација на проектот, ќе инвестира вкупно 18,5 милиони денари (средства наменети за отворање на центрите), како и вкупно 3 милиони денари годишно, средства наменети за одржување и за функционирање на истите. Целта на овие центри е обезбедување и размена на информации, давање совети, спроведување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку информативните центри младите ќе бидат информираниза слободни работни места, волонтирање, понудата на образовни, рекреативни, културни институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување и друго. [Рок: Септември 2014 година]

Образложение:

Освен младинскиот информативен центар кој во 2010 година е отворен во Прилеп, во другите градови досега нема отворени нови младински информативни и советодавни центри.

Крајниот рок на овој проект е декември 2014 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.

Линкови:

Оценето до: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција