ВМРО-ДПМНЕ: Проект Надградба на ТЕТРА дигитално полициско радио
Со проектот Надградба на ТЕТРА дигитално полициско радио во Скопје и Охрид ќе се засили сигналот на прием како надградба на радиомрежата, која треба да ја замени постојната аналогна радиомрежа и полициските структури ќе добијат нови радиостаници со перформанси слични на ГСМ мобилните телефони, а со прилагодени функции за специјални полициски потреби. Проектот е поддржан од Европската агенција за реконструкција. Ѕехнички прием на опремата: март 2009.
Образложение:
Пуштен е во употреба дигиталниот полициски радио систем „ТЕТРА“, меѓутоа мора да се напомене дека не е запазен рокот, и наместо до март 2009, овој проект е завршен во февруари 2010.
Линкови:
- Сител (03.02.2010). Промовиран дигиталниот полициски радио систем „ТЕТРА“. [Пристапено на: 20.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар