ВМРО-ДПМНЕ: Национален план за заштита на воздухот
Ќе донесеме Национален план за заштита на воздухот. [Рок: 2012 година]
Образложение:
Националниот план за заштита на амбиенталниот воздух е донесен во мај 2012 година:
Подготовката на Националниот План за заштита на амбиентниот воздух за Република Македонија претставува патоказ кон заштита и унапредување на квалитетот на воздухот во Република Македонија. Националниот План за заштита на амбиентниот воздух се подготвуваше во период 2011 – 2012 година во согласност со законски барања и користејќи ги насоките дефинирани во Правилникот за детална содржина и начинот на подготвување на Националниот План за заштита на амбиентниот воздух (Службен Весник на РМ Бр. 108/2009). […]
Националниот план за заштита на амбиентниот воздух ја презентира состојбата и ги дефинира мерките за заштита и подобрување на квалитетот на амбиентниот воздухот, за следните 5 години. Обврската за изготвување на Националниот план за заштита на амбиентниот воздух произлегува од Законот за квалитет на амбиентен воздух.
Линкови:
- МЖСПП (мај 2012): Национален план за заштита на амбиентниот воздух [Пристапено на: 09.01.2013]
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар