ВМРО-ДПМНЕ: Наука.мк
Промоцијата на достигнувањата од научно-истражувачката работа ќе биде зајакната и со воспоставување на Интернет портал nauka.mk, на кој, во соработка со истражувачите од високообразовните и научните установи ќе се презентираат резултатите од научно−истражувачката работа, кои ќе бидат достапни на домашната и на меѓународната научна јавност, но и на пошироката јавност. На порталот ќе бидат организирани активности што ќе ја поттикнуваат научната расправа како една од значајните алатки за евалуација на научно-истражувачката дејност, одбраната на резултатите од истражувањата и генерирањето идеи за нови научни истражувања. На јавниот и на приватниот сектор, како и на пошироката јавност ќе им бидат овозможени поедноставни достапност и увид на научните достигнувања, како и вклучување во градењето на механизми за промоција на етичката димензија на истражувањата. Носител: Министерството за образование и наука во соработка со јавните научни и високообразовни установи. Буџет: 1.000.000 денари. [Рок: Декември 2011 година]
Образложение:
На 31.01.2012 гоина, Министерството за образование го страртуваше проектото наука.мк. Порталот стартуваше еден месец подоцна од рокот даден во предизборните верувања.
Линкови:
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар