ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Нема погрешна врата“
Воведувањето на овој модел во сите институции започнува веднаш. Граѓанинот задолжително треба да биде услужен без разлика дали се обратил на вистинското место и во вистинската канцеларија. Вработениот во таа канцеларија е должен да му помогне на граѓанинот и да го однесе до канцеларијата-службеникот кој е потребен за граѓанинот да го реализира своето барање. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. [Рок: континуирано]
Образложение:
Овој проект е најавен од страна на премиерот Груевски уште во февруари 2011 година. Постојат информации според кои во март 2012 година извршени се обуки за спроведување на овој проект. [Ажурирано на: 25.04.2012]
Според информациите, проектот е започнат и е во тек. [Ажурирано на: 23.06.2013]
Линкови:
- Министерство за информатичко општество и информатика: Информација за спроведување на обука за концептот “Нема погрешна врата“.[Пристапено на: 25.04.2012]
- Нова Македонија (28.02.2011): Нов проект на Владата: „Нема погрешна врата“. [Пристапено на: 25.04.2012]
- Капитал (30.04.2012): Кој е ексминистерот казнет од државниот управен инспекторат во 2011? [Пристапено на: 23.06.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар