ВМРО-ДПМНЕ: Нови стипендии
Со овој проект ќе се продолжи континуирано да се наградуваат и да се мотивираат учениците од јавните и од приватните средни училишта, со што ќе се овозможи стимулирање, наградување и значаен поттик на учениците за по-добро совладување на наставните содржини, способности и вештини. Со цел да бидат опфатени различни категории на средношколци, одделно ќе бидат стипендирани талентирани ученици, ученици со посебни образовни потреби, ученици со особени резултати во областа на спортот, како и ученицисо посебни образовни потреби со особени резултати во областа на спортот. Стипендирањето на средношколците преставува уште еден начин за градење на успешна и перспективна иднина на младите, која има повеќекратен повратен ефект. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 10.260.000 денари годишно. Вид и број на стипендии: Стипендија за талентирани ученици-спортисти (150 стипендии со месечен износ од 2200 денари) , Стипендија за талентирани ученици (50 стипендии со месечен износ од 2200 денари), Стипендија за ученици со посебни потреби (50 стипендии со месечен износ од 2000 денари), Стипендија за ученици (400 стипендии со месечен износ од 1500 денари). [Рок: 2015 година]
Образложение:
Сите стипендии кои се предвидени со проектот започнаа да се доделуваат од учебната 2012-2013 година. За истите може да се најдат информации на сјатот на Министерството за Образование и наука/ Конкурси.
Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.
Линкови:
- Конкурс за доделување на 150 стипендии за талентирани ученици-спортисти
- Конкурс за доделување на 50 стипендии за талентирани ученици
- Конкурс за доделување на 50 стипендии на ученици со посебни потреби
- Конкурс за доделување на 400 стипендии за социјална поддршка на учениците од јавните и приватните училишта
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар