ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Оцени ја администрацијата“

Проектот предвидува воведување на систем за непосредно изразување на задоволството на граѓаните од добиените услуги од државните институции. Пред секој шалтер ќе се инсталира мал уред каде што граѓанинот ќе може директно да го оцени службеникот во односот кон граѓанинот: задоволува, просечно, не задоволува. Оценувањето ќе може и да се реализира преку Интернет на посебна веб-страница. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 250.000 евра. [Рок: декември 2012]

Образложение:

Во тек е пилот фазата на проектот во која уредите „Семафор“ досега се инсталирани на сто шалтери во Агенцијата за катастар, Фондот за здравство и за пензиско осигурување, УЈП и МВР. [Ажурирано на: 10.11.2011]

Според Министерството за информатичко општество и администрација,  во следната фаза од проектот ќе се надградува системот за оценување на администрацијата преку инсталирање на нови понапредни семафори, како и воведување на можност за оценка на административците и во електронска и во хартиена форма. [Ажурирано на: 06.09.2012]

Според информациите од Министерството за информатичко општество и администрација, досега е завршена првата фаза од проектот, во која се инсталирани 106 уреди на шалтери низ Македонија. Дополнително, овозможено е и оценување преку Интернет, а тоа може да се оствари на веб-страната http://semafor.mioa.gov.mk . [Ажурирано на: 28.01.2013]

Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е истечен, а не се инсталирани вакви уреди на секој шалтер во државата, ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 28.01.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција