ВМРО-ДПМНЕ: Планови за управување со речни сливови
Ќе ги зајакнеме административните и техничките капацитети на органите за управување со речни сливови и ќе развиеме планови за управување со речни сливови. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Преку тековниот проект за Брегалница се изработуваат планови за управување со речниот слив на река Брегалница. Проектот е вреден 2,4 милиони швајцарски франци. Што се однесува на реката Црн Дрим и сливот на реката Струмица, нема информации за веќе изготвени планови.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
Проект за управување со речен слив на Брегалница [Пристапено на: 12.04.2014]
Форумска сесија за проекти за речниот слив на Брегалница [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар