ВМРО-ДПМНЕ: Планови за управување со речниот слив на реките Брегалница,Струмица и Црн Дрим
Ќе донесеме Планови за управување со речниот слив на река Брегалница – рок 2012-2015; вредност- 2 мил.евра (дел од донација од Швајцарска Влада и домашно учество од 300.000 евра); Ќе донесеме Планови за управување со речниот слив на реките Струмица и Црн Дрим. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Преку тековниот проект за Брегалница се изработуваат планови за управување со речниот слив на река Брегалница. Проектот е вреден 2,4 милиони швајцарски франци. Што се однесува на реката Црн Дрим и сливот на реката Струмица, нема информации за веќе изготвени планови.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Проект за управување со речен слив на Брегалница [Пристапено на: 12.04.2014]
- Форумска сесија за проекти за речниот слив на Брегалница [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар