ВМРО-ДПМНЕ: Пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија
Ќе изградиме пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија. Вредност – 9.8 мил. евра; [Рок: 2014 година]
Образложение:
Пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија е проект за чија рализација се чека уште од 2010 година, кога е потпишан договор за изградба на станицата. Се до 2013 година се чекаше на отпочнување на првата фаза на реализација на проектот. Во Мај 2013 година Министерството за животна средина и просторно планирање склучило договор за подготовка на основен проект и изведба на пристапен пат и мост во финкција на изградбата на пречистителната станица. Иако првично се очекуваше изградбата на станицата д абиде завршена до крајот на 2014 година, тоа е се помалку остварливо бидејќи до крајот на Март оваа година, сеуште не беа почнати никакви градежни работи.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија
- Проектот пречистителна станица за отпадни води во Гевгелија мрдна од мртва точка
- Доцни изградбата на пречистителната станица во Гевгелија
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар