ВМРО-ДПМНЕ: Преработката и искористувањето на рудните концентрати
Ќе ги издадеме под концесија преработката и искористувањето на рудните концентрати одложени на јаловиштата за оловна и цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово, како и троската одложена во МХК Велес според најдобрите достапни технологии применливи во светски рамки, со можност за проширување и на останатите хидројаловишта кои претставуваат историско загадување. По искористувањето на јаловината, локациите ќе се ревитализираат и ќе се рекултивираат според европски стандарди. За реализација на овој проект се предивидува и изградба на фабрика за преработка и искористување на рудните концентрати за оловна и цинкова руда во Пробиштип, со што ќе се отворат нови 250 работни места. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Според информациите достапни преку Отчетот на Владата, со цел исполнување на ова ветување, тоа што до сега е направено е изготвување на тендерска документација за издавање под концесија преработката и искористувањето на рудните концентрати одложени на јаловиштата за оловна и цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово, како и троската одложена во МХК Велес. Што се однесува на изградба на фабрика за преработка и искористување на рудните концентрати за оловна и цинкова руда во Пробиштип, и покрај тоа што рокот за изградба е 2014 година, се уште не е започната изградбата.
Линкови:
- Отчет за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери [Пристапено на 14.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар