ВМРО-ДПМНЕ: Превентивна екологија
Ќе спроведеме Проект за превентивна екологија – комплексен проект кој од темел би требало да го промени пристапот кон животната средина и да ја постави политиката на заштита на животната средина на реални и однапред дефинирани параметри;Ќе воведеме забрана за употреба на пластичните кеси. [Рок: Јануари 2013 година]
Образложение:
Во тек е имплементација на Проектот “Зелен пакет – Јуниор” преку кој спроведуваме превентивна екологија со кој го менуваме пристапот кон заштитата на животната средина кај младата популација во Република Македонија. Што се однесува на забраната за употреба на пластични кеси како што ни е добро познато на сите, се уште не е остварено, и пластичните кеси се уште се користат.
Линкови:
Со „Зелен пакет – јуниор” ќе се учат децата на екологија [Пристапено на: 12.04.2014]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар