ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Рана социјализација“

Во Република Македонија опфатеноста на децата во предучилишните установи е многу мала во споредба со земјите во светот. Според анализата подготвена од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, само 24% од децата на петгодишна возраст се опфатени во предучилишното воспитание. Во рамките на глобалниот воспитно-образовен систем во најголемиот број земји на светот, предучилишното воспитание и образование добива подеднаков третман и значење со останатите потсистеми. Еднаков приод и максималната опфатеност на децата од предучилишна возраст со најразлични форми и програми, дизајнирани според современите трендови и најновите научни сознанија од областа на раниот детски развој во мултикултурно општество ќе придонесат кон стекнување клучни предучилишни знаења, подигнување на квалитетот на програмите за предучилишно воспитание, како и за наставниот процес во основното образование и подобрување на севкупниот квалитетот во образованието. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет: 600 милиони денари. [Рок: септември 2014 година]

Образложение:

Владата на почетокот на 2013 година усвоила нов Закон за заштитаа на децата, со кои освен заштитата на правата на децата, обрвските  на родителите и институциите на државата во нивниот раст, развој и образование, се дава можност за отварање на центри за рана социјализација, односно ран детски развој. Со проектот понатака треба да бидат донесени програми со кои децата од рана возраст ќе се стекнат со клучни предучилишни знаења.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција