ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција и проширување на 23 км канализациска мрежа во Прилеп

Ќе извршиме реконструкција и проширување на 23 км канализациска мрежа во Прилеп со средства од ИПА и национално кофинансирање (рок: 2013) и ќе извршиме реконструкција и проширување на дополнителни 44 км канализациска мрежа до 2015 година, вредност – 16 мил. евра (преку ИПА финансирање- 85% ИПА средстава и 15 % домашно учество); [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во Октомври 2013 година започната е првата фаза од реконструкцијата на канализациската мрежа и изградба на пречистителна станица во Прилеп. Како што објаснуваат надлежните, изградбата на пречистителната станица ќе се одвива во првата фаза од проектот заедно со реконструкција на 23км од канализационата мрежа во Градот. Во втората фаза се очекува да заврши до крајот на 2015 гоидна треба се реконструираат уште 45 км од канализационата мрежа.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција