ВМРО-ДПМНЕ: Саем за младински организации
Агенцијата за млади и спорт во периодот 2011-2015 година ќе организира 4 саеми на младински организации (по еден саем годишно). За реализација на проектот ќе инвестираме 1,5 милиони денари годишно.На саемите, младинските организации ќе имаат можност да ги презентираат своите активности и публикации, преку кои младите лица ќе можат да се информираат за актуелните проекти на младинските организации, како и да се поттикнат за заземање на активно учество во истите. На овие настани ќе се изберат најдобра младинска организацијаи најдобар младински работник, како и најуспешен проект од областа на младите. [Рок: 2014 година]
Образложение:
Според достапните информации, на 14-15 јуни 2013 година и во организација на Центарот за меѓукултурен дијалог ЦИД- Куманово, и во соработка со НДИ , Агенцијата за млади и спорт и фондацијата ФЕС, организиран е како што е наведено првиот “САЕМ НА МЛАДИНСКА РАБОТА“ во просториите на ЕУ Инфо центар и Агенцијата за млади и спорт. Во отчетот на Владата 2011-2014 год е образложено дека во 2012 година во рамки на Радовиш Експо е одржан уште еден ваков саем, но до такви информации не дојдовме. Со оглед на тоа дека е во неколку наврати напоменато дека во 2013 година е одржан ПРВИОТ Саем за Младинска работа, ќе сумираме дека во периодот 2011-2014 година е организиран само еден ваков саем.
Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.
Линк:
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
2011 година измина, а ваков саем не се одржа. 1/4 од ветувањето е неисполнето.