ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Советување на родители – родителска школа“

Со имплементација на овој проект ќе се овозможи зајакнување на воспитната компонента преку активно вклучување на родителите во овој процес и нивно советување за успешниот развој на нивните деца – учениците. Заинтересиран и информиран родител резултира со поквалитетно и повисоко образование за неговото дете. Во време кога веројатно многу етички норми и вредности се загубија и кога во пораст е оттуѓеноста помеѓу родителите и децата, потенцирањето на врската помеѓу родителите и училиштето е еден од најбитните сегменти за воспитно-образовниот развој на децата и надминување на проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите субјекти, вклучени во образованието и образовниот процес. Советувањето на родителот ќе се реализира под строго определен протокол, којшто ќе биде развиен од психолози и од психијатри и ќе биде во правец на советување на родителот за тоа каков пристап треба да има во едукацијата,односно во воспитувањето на своето дете. Ќе се развие децентрализирана мрежа на детски психолози кои директно или индиректно ќе им помагаат на децата, учениците, родителите, воспитувачите и на наставниците во постигнување квалитетно ниво на личен, психолошки, социјален, културен и воспитно-образовен развој на децата. Преку оваа мерка ќе ги вклучиме родителите повторно во системот и ќе овозможиме нивна поголема заинтересираност во развојот на воспитната компонентна и нејзина реализација во основното и во средното образование. Носител: Министерството за образование и наука, Педагошката служба. [Рок: септември 2011 година]

Образложение:

Од септември 2011, во училиштата започнува имплементацијата на проектот „Родителска школа“ кој според Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, има за цел да ги потиккне и вклучи родителите во образовниот процес на нивните деца. Родителите на ученици кои имаат лошо поведение, имаат лоши оценки, учествуваат во тепачки, во иднина ќе мораат да доаѓаат на т.н. родителски школи или советувалишта за родители. Казната за непосетување на овие советувалишта, изнесува 200 евра.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција