ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“
Преку проектот „Старите касарни за нов развој – Владата за граѓаните“, ќе продолжиме со отстапување на цели касарни или делови од касарни и други недвижности (караули, магацински групи, деловни простории и сл.), со што ќе дадеме свој придонес за забрзан локален економски развој во општините опфатени со овој проект. По финализирањето на проектот за општините: Радовиш, Делчево, Дебар, Дојран и Гевгелија, до крајот на 2011 година, Армијата на Република Македонија целосно ќе се повлече и од касарните во општините: Охрид, Битола, Струмица и Куманово (една касарна). [Рок: 2011]
Во интерес на локален економски развој на општините: Аеродром, Велес, Карпош, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп, ќе извршиме отстапување на дел од земјиштето во касарните од овие општини, по завршување на процесот на урбанизација од страна на наведените ЕЛС. Во рамките на овој проект ќе бидат отстапени 38 караули.
Образложение:
Според информациите, касарната во Струмица е отстапена уште во 2009 година, касарната во Куманово во 2010 година, а касарните во Битола и во Охрид во 2011 година. [Ажурирано на: 29.03.2012]
Во официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 (страна 183), стои дека реализацијата на овој проект е во тек, со тоа што се уште се преземаат активности за завршување на проектот во Струмица и Дојран, иако рокот за овие градови беше 2011 година и е истечен. Со оглед на тоа што овој проект не е завршен во сите градови во предвидениот рок, ова ветување се карактеризира како делумно исполнето. [Ажурирано на: 19.09.2012]
Линкови:
- Kumanovo News (25.10.2010): Касарната во Куманово стана индустриска зона. [Пристапено на: 29.03.2012]
- МИА (27.05.2011): Ставрески: Општина Струмица да побрза со ставањето во функција на објектите во поранешната струмичка касарна. [Пристапено на: 29.03.2012]
- Ohrid On (26.10.2011): Охридската касарна подготвена за предавање на општината. [Пристапено на: 29.03.2012]
- Утрински Весник (03.01.2012): Распродажба на битолската касарна. [Пристапено на: 29.03.2012]
- Влада на РМ (20.07.2012): Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012 [Пристапено на: 19.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар