ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Стоп за пороците“

Целта на овој проект е подигнување на свеста кај учениците од основните и од средните училишта, за заштита и превенција од пороците на денешницата, како и целосна и точна информираност на родителите за навремено препознавање на симптомите на зависниците од алхохол, дрога и сл. Имплементација на овој проект ќе се одвива во две нивоа. Првото ниво ги опфаќа учениците. Преку спроведување на едукативни  предавања од страна на тим на стручнилица од областа на недозволената трговија со дрога, медицината и психологијата како и делење на едукативни материјали преку кои младата популација ќе се запознае за штетните влијанија и последиците на пороците врз здравјето. Целна група на второто ниво се родителите. Ќе се организираат родителски средби на кои родителите ќе се информираат за начинот на препознавање на симптомите од консумирање на дрога, алкохол и други пороци.Проектот ќе се реализира од страна на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, како и здруженијата на граѓани кои работат во оваа проблематика. До сега проектот е спроведен во општината Чаир, а предвидено е да се спроведе во сите училишта во Република Македонија. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Образование: За сега е спроведена е само првото ниво на овој проект ќе опфаќа спроведување на едукативни предавања за штетноста од пороците. Едукативните предавања за средношколците за штетоноста од дрогата, алкохолот и цигарите започнаа во декември 2013 година, и планирано е да се опфатат средните училишта во сите градови од државата. Второто ниво на овој проект опфаќа спроведување на едукативни предавања но овој пат за родителите.

Крајниот рок на овој проект е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 Април 2014 година.

Линк:

Оценето од: Наталија Пешиќ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција