ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Учиме со помош на компјутери“

Компјутерската опрема во училиштата и Интернет конекцијата во секое училиште што ги овозможивме во претходните четири години, овозможуваат воведување на е-содржини во наставата за предметите во основните и во средните училишта. Воведувањето на е-содржини ќе има за цел на учениците да им овозможи стекнување на нови вештини и знаења од предметите што ги изучуваат на современ начин, со почитување на различните стилови на учење на учениците, нивната возраст и барањата на современото училиште. Ќе изработиме мултимедијални образовни содржини за електронско учење за определени предмети во основното и во средното образование за кои досега не се создадени можности за користење во наставата, како и поактивно вклучување на наставниците и учениците во самиот процес на изработување вакви содржини.  Ќе организираменатпревари и ќе ги мотивираме наставниците и учениците да креираат електронски содржини со цел помасовно користење на информатичката технологија во наставата и во учењето. Ќе поддржиме  креирање веб-портали на кои ќе бидат  поставени најуспешните примери на добра практика однаставата, а наставниците ќе можат да ги разменуваат и да ги користат во наставата.За овој проект Министерството за образование и наука ќе набави 4000 интерактивни табли за основните училишта и 400 за средните училишта, за нов и современ пристап во изведувањето на наставата. Носител: Министерството за образование и наука. Буџет:  2011- 25 милиони денари, 2012 – 90 милиони денари, 2013 – 90 милиони денари, 2014 – 90 милиони денари, 2015 – 90 милиони денари. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Во рамки на Проектот “Учиме со помош на компјутери“ засега се направени низа активности. Плановите за е-учење се дел од Националната стратегија на Министертвото за информатичко општество за развој на е-содржини 2010-2015, а веќе од 2010 година започна и постепено отварање на веб страници преку кои учениците ќе можат на интерактивен начин и со помош на информатичката технологија полесно фа ги изучуваат наставните содржини. Такви веб страници се: Е-учебници (http://e-ucebnici.mk/osnovno) на која можат да се најдат учебници за основно образование на македонски, албански и турски јазик. Веб страницата на Министерството за информатичко општество и Бирото за развој на образованието skoool.mk (http://skoool.mk/) нуди содржини од областа на физика, хемија, математика и биологија и истата содржи аудио и видео материјали со кој на учениците им се олеснува учењето на некои делови од овие предмети. Набавката на интерактивните табли за основните и средните училишта, кои се дел од ветувањето, се уште не е остварена.

Крајниот рок на овој преокт е 2015 година, но поради предвремените парламентарни избори, истиот ќе биде оценет со краен рок до 1 април 2014 година.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција