ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Учиме за Европа без граници“
Владата ќе продолжи со активностите за информирање на домашната јавност за Европската унија, како и правилата во ЕУ за странските посетители и туристи, што е од особена важност по либерализацијата на визниот режим. Проектот предвидува отворање канцеларии и дистрибуирање на материјали кои ќе им помогнат на македонските граѓани подобро да ја разберат Унијата, и тоа не само нејзиниот институционален и правен систем, туку и традицијата и културата на нејзините членки и можностите што им ги нудат на туристите. На овој начин ќе биде овозможено оние што ќе ја искористат можноста за безвизно патување во земјите од ЕУ да не се соочуваат со културолошки и законски проблеми при нивниот престој во странство, и да бидат достојни репрезенти на нашата држава. Истовремено се појавува потреба од спроведување на информативна кампања за граѓаните на Македонија за позициите кои Европската уинија ги има во однос на нејзината надворешна и внатрешна политика. За таа цел, Владата на Република Македонија предвидува зголемена соработка на Секретаријатот за европски прашања со медиумите, невладините организации, интензивирање на изработка на документарни емисии и репортажи, политички емисии, и поинтензивно информирање на граѓаните за споменатото. [Рок: 2011 – 2015]
Образложение:
Преземени се неколку активности во насока на исполнување на ова ветување. Овој проект е во надлежност на Секретаријатот за европски прашања. [Ажурирано на: 22.06.2013]
Линкови:
- Секретаријат за европски прашања: Учиме за Европската унија. [Пристапено на: 22.06.2013]
- Вечер (13.12.2011): Младите учат за Европа преку квиз. [Пристапено на: 22.06.2013]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар