ВМРО-ДПМНЕ: Проект „Ваучери за иновација“
Со проектот „Ваучери за иновација“, претпријатијата ќе можат да аплицираат за добивање ваучери во износ од 5.000 евра за развој на нови бизнис-стратегии, модели, услуги и производи, како и обуки за управување со иновации. Истовремено, ќе го поттикнеме здружувањето на претпријатијата преку пропорционално зголемување на вредноста на ваучерот согласно со бројот на здружени претпријатија. Реализацијата на проектот ќе овозможи претпријатијата да се стекнат со знаење и вештини во делот на менаџмент процесите и логистиката, истражувањето на пазарот, дизајн и брендирање, како и развој и тестирање на нови производи. [Рок: јануари 2012 – континуирано]
Образложение:
По пребарување на темата на ветувањето, не се најдени никакви информации. Ова ветување не е спомнато ни во Отчетот и поради тоа се оценува како неисполнето.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар