ВМРО-ДПМНЕ: Проект Видеонадзор на објектите на МВР

Со проектот Видеонадзор на објектите на МВР ќе се овозможи подигнување на стандардите на безбедност на објектите како и следење на работата на полициските службеници со можност за далечинско пренесување на записот на централна локација во МВР, со што може да се постигне зголемена контрола во работењето. Во првата фаза ќе се покријат граничните премини и сите сектори за внатрешни работи, а потоа и магистралните и регионалните патишта и фреквентните сообраќајници во големите урбани центри. Рок: септември 2009;

Образложение

Под видео надзор се ставени граничните премини [Пристапено на: 25.05.2011]; камери се поставени на фреквентните сообраќајници [Пристапено на: 24.05.2011], но нема информации за поставеност на видео надзор на магистралните и регионалните патишта.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција