ВМРО-ДПМНЕ: Проекти финансирани од европски фондови

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со реализација на проектите финансирани од европските фондови во областите на: реформи во системот на финансиска контрола на централно и на локално ниво; финансирање на инфраструктурни проекти предложени од општините во поддршка на локалниот развој, реновирање на училишта, општински згради и полициски станици; јакнење на капацитетот на невладиниот сектор; управување со цврст отпад; изградба на пречистителни станици; инвестиции во човечки капитал преку подобрување на образовниот процес во насока на негово прилагодување на потребите на пазарот на труд; интегрирањето на луѓе со посебни потреби; инвестиции во земјоделските стопанства со цел преструктурирање и усовршување до степен на сандардите на ЕУ; инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи со цел преструктурирање и усовршување до стандардите на ЕУ; диверсификација и развој на рурални економски активности; како и голем број на други проекти во области кои ќе придонесат за подигнување на стандардите во нашето општество.

Образложение:

Ова ветување е премногу општо и сеопфатно за да може прецизно и конкретно да се изанализира. Претставува практично невозможно објективно да се анализира дали ветувањето е исполнето или не. Земајќи го тоа во предвид, ветувањето се оценува како неконкретно. [Ажурирано на: 07.04.2014]

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција