ВМРО-ДПМНЕ: Програма за вработување на ранливите групи

Програма за вработување на ранливите групи на невработени со субвенционирање на работно место со 15,000.00 денари во период од 6 месеци по вработувањето. Аплицирањето за работодавачите и невработените лица е по објавувањето на јавниот повик секоја година во периодот од 1 март до 15 март. Обезбедени се средства за 655 лица од сите категории со вкупен годишен буџет од 58,95 милиони денари или вкупно за 4 години – 235 милиони денари. Средствата за оваа мерка се распоредени по ранливите групи на следниот начин:

  1. Субвенционирање на вработување на 150 деца без родители во 2011-2015 година, со месечна финансиска поддршка во износ од 15.000 денари за период од 6 месеци со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  2. Субвенционирање на вработување на 400 самохрани родители во 2011-2015 година, преку финансиска поддршка во износ од 15.000 денари месечно за период од 6 месеци, со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  3. Субвенционирање на вработување на 600 постари лица од 55-62 години, во 2011-2015 година, преку финансиска поддршка во износ од 15.000 денари месечно за период од 6 месеци, со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  4. Субвенционирање на вработување на професионални војници на кои им престанала службата во АРМ во 2011-2015 година, преку финансиска поддршка во износ од 15.000 денари месечно за период од 6 месеци, со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  5. Субвенционирање на вработување на 120 лица жртви на семејно насилство, во 2011-2015 година, преку финансиска поддршка во износ од 15.000 денари месечно за период од 6 месеци, со обврска на работодавачот да ги задржи на работа најмалку уште 12 месеци;
  6. Субвенционирање на вработување на 800 инвалидни лица во 2011-2015 година, преку финансиска поддршка во износ од 20 просечни плати и 40 просечни плати за потполно слепо лице и лице со телесен инвалидитет на кое за движење му е потребна инвалидска количка. Мерката се спроведува целогодишно во зависност од поднесените барања на работодавачите кои имаат вработено лице со посебни потреби. Пред да го вработат или лицето да се самовработи треба претходно да се прибави мислење од комисијата за оцена на инвалидност дали може да обавува работни задачи од таков вид. По вработувањето треба да исплати најмалку 9 последователни плати и да поднесе барање за доделување на неповратни средства од АВРМ, за кои одлучува Управниот одбор на АВРМ.

[Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Оваа мерка е опфатена во Оперативните планови за активни програми и мерки за вработување на Министерството за труд и социјална политика во 2011, 2012, 2013 и 2014 година, со што континуирано се обезбедуваат финансиски средства за вработување на ранливите групи на невработени. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција