ВМРО-ДПМНЕ: Промоција на македонско вино на нови пазари
Промоција на македонското вино на нови пазари, стимулација на инвестиции во производството и маркетингот на грозје и вино, целосна имплементација на винскиот катастар, усогласување на стандардите за непречен извоз пред сè на пазарите на ЕУ (енолошки практики, потекло и етикетирање), поддршка на производство на сертифициран здрав и квалитетен расаден материјал.
Образложение:
Во 2008 година во споредба со 2007, извозот на вино бележи драстично намалување од 24,1%. Извозот на вино во 2009 е скоро на исто ниво како во 2008 година. Во 2009 година во споредба со 2008 година, извозот на вино бележи зголемување за околу 10,5 – Опаѓа извозот и на наливно и на вино во шише во сите држави од ЕУ.
Во однос на усогласување на стандардите на ЕУ, донесен е Закон за вино во 2010, со кој се регулираат обврски за производство.
Линкови:
- Министерство за земјоделство, сточарство и водостопанство. Нацрт стратегија за лозарство и винарство (2010 – 2015). [Пристапено на: 20.05.2011]
- PRAVO.org.mk. Закон за вино. [Пристапено на: 22.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар