ВМРО-ДПМНЕ: Распределбата на преостанатото слободно државно земјиште на земјоделците

Целосно завршување на распределбата на преостанатите 20.000 ха слободно државно земјиште на земјоделците. По еден оглас месечно ќе биде огласуван за целосна распределба на преостанатото земјиште на заинтересираните земјоделци. Приоритет ќе имаат локалните, регистрирани земјоделци со развојни проекти кои сакаат да го окрупнат нивниот бизнис и сточарите на кои им е потребно повеќе земјиште за производство на добиточна храна. [Рок: континуирано до 2015]

Образложение:

Почнувајќи од септември 2011 година, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува по минимум еден оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост секој месец, со исклучок на месеците: јануари, септември и октомври 2012 година, и февруари и март 2013 година. [Ажурирано на: 13.04.2013]

Линкови:

  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Јавни огласи. [Пристапено на: 13.04.2013]

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција