ВМРО-ДПМНЕ: Размена на административни документи

За воспоставување на унифициран и едноставен начин на размена на административни документи ќе се изготви Предлог за поведување на постапка за потпишување и ратификација на Република Македонија на Европската конвенција за доставување во странство на документи во врска со административни работи. [Рок: 2011]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во тек е постапката за изготвување на предлог за поведување на постапка за потпишување и ратификација на Република Македонија на Европската конвенција за доставување во странство на документи во врска со административни работи. Со оглед на тоа дека рокот за изготвување на ваков предлог е 2011, а тој сè уште не е завршен, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција