ВМРО-ДПМНЕ: Развивање на Осоговскиот и Малешевскиот регион

Развивање на економските и на туристичките потенцијали на Осоговскиот и Малешевскиот регион и сите други региони кои имаат добра основа за развој на рурален, културен и еко туризам, преку давање на поддршка во форма на одредување на локации за изградба на туристички објекти како и даночни стимулации на идните заинтересирани инвеститори. Ќе поддржиме изготвување на промотивни материјали (Водичи) за потенцијалите во туризмот и во останатите микрорегиони, како и во останатите планинарски региони во земјата, и промовирање на планинските убавини кои изобилуваат со водопади и пештери, како основа за привлекување на туристи, преку маркетиншки кампањи во домашните медиуми, како и вклучување во претставувањето на туристичкиот потенцијал преку странските медиуми. Носител: Македонската национална туристичка организација во соработка со Министерството за економија и со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Во изминативе години превземени се повеќе активности во насока на развивање на туризмот во Осоговскиот и Малешевскиот регион. Во септември 2012 година, Владата на Република Македонија донесе одлука за започнување на нов проект за развој на планинскиот туризам. Со овој проект опфатени се голем број инвестиции во Осоговскиот и Малешевскиот регион. [Ажурирано на: 12.04.2013]

Во декември 2011 година во  Штип се одржа манифестацијата „Ден на источниот регион”, а во која 11 те општини на штандовите кои се поставени на улицата „Ванчо Прќе” ги презентираат своите производи и промотивни материјали од областа на туризмот и стопанството. И за градоначалниците ваквите саеми се одлична можност за промоција на нивните општини.  [Ажурирано на: 10.04.2014]

Во изминативе години превземени се одредени активности во насока на промоција на туризмот во Осоговскиот и Малешевскиот регион, сепак не може да се забележат некои конкретни резултати. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Може да се каже дека ветувањето: „Развивање на Осоговскиот и Малешевскиот туризам“ е  делумно исполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција