ВМРО-ДПМНЕ: Развој на екотуризмот

Ќе овозможиме поволни услови за развој на екотуризмот согласно со принципите на одржлив развој и рамномерен регионален развој. Привлечноста на Македонија како туристичка дестинација значително ќе се зголеми доколку се позиционира како туристичка дестинација со недопрена природа која нуди висококвалитетна, автентична органска храна. „Патот на македонската храна“ ќе овозможи претставување на подготовка на домашната храна во својата природна средина како органска и со врвен квалитет. Преку програми на домашните и странски медиуми, како и преку организирани туристички и едукативни програми, ќе го претставиме Македонскиот традиционален начин на производство, кој е симбол за квалитет и здрава храна (како на пр. македонско млеко и млечни производи, како и природни производи од зеленчук и овошје). Во таа насока ќе изготвиме посебна програма за промовирање на Македонија како „зелена“ и органска туристичка дестинација во која детално ќе бидат опишани начините на подготовка и одгледување на нашите традиционални производи. [Рок: 2012]

Образложение:

Нема информации дека се преземени одредени сериозни активности во насока на реализирање на ова ветување. Овој проект не е опфатен со Програмите за развој на туризмот за 2011 и 2012 година. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е 2012 година, а досега нема информации дека овој проект е реализиран, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.04.2014]

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција