ВМРО-ДПМНЕ: Развој на кањонот Матка

Ќе продолжиме со развојот на кањонот Матка во туристички центар со соодветно обележување и мапирање на кањонот, како и изработка на промотивни материјали. Ќе ја збогатиме понудата за развој на овој туристички центар преку воведување на организирани тури и проширување на спортската понуда: планинарење, нуркање и кајакарење. Ќе овозможиме дополнителни локации за изградба на услужни туристички објекти како и воведување на директна автобуска линија од центарот на Скопје за време на викенди и празници во соработка со Град Скопје. [Рок: 2011 – 2014]

Образложение:

Нова автобуска линија со број „60“ од центарот на Скопје до Матка е воведена уште во 2009 година. Овој дел од ветувањето воопшто не требало да влезе во предизборната програма на партијата. [Ажурирано на: 22.04.2013]

…. Што се однесува на делот од ветувањето посветен на планинарење, нуркање и кајакарење, постојат можности за практикување на истите од страна на посетителите, а исто така Кањонот Матка е една од најатрактивните и најпосетувани локации во Скопје, од страна на туристите, но од страна на Владата на Р. Македонија, не постојат информации дека се работи на промоција, или на овозможување на дополнителна локација за туристички објекти, што исто е дел од ова ветување. 

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција