ВМРО-ДПМНЕ: Реализација на препораките на ГРЕКО

Реализација на препораките на ГРЕКО за РМ од трет круг на евалуација. [Рок: 2011]

Образложение:

Донесени се измени и дополнувања на Законот за финансирање на политичките партии во насока на усогласување на домашното законодавство со препораките на ГРЕКО третиот круг на евалуација. [Ажурирано на: 25.04.2012]

Според Извештајот за усогласеност и имплементација на препораките на Групата на држави против корупција – ГРЕКО, презентиран од страна на министерот за правда, Блерим Беџети, на 03.07.2012, од вкупно дадени 13 препораки, 7 се целосно имплементирани, 4 се делумно имплементирани, а 2 не се имплементирани. Според тоа, ова ветување може да се оцени како делумно исполнето. [Ажурирано на: 06.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција