ВМРО-ДПМНЕ: Реализација на Програми за социјално вклучување
Ќе продолжиме финансиски да ги помагаме ранливите групи со реализација на Програми за социјално вклучување. [Рок: континуирано]
Образложение:
Преземени се повеќе активности во насока на исполнување на ова ветување преку реализација на неколку Програми за социјално вклучување, меѓу кои: Програма за справување со проблемите на социјално исклучените лица, Проекти за вработување и социјално вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот, и други. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 09.04.2014]
Линкови:
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија: Документи од областа на социјалното вклучување. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија: Програма за справување со проблемите на социјално исклучените лица. [Пристапено на: 09.04.2014]
- Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија: Проекти за вработување и социјално вклучување на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот. [Пристапено на: 09.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар