ВМРО-ДПМНЕ: Регионален пат од Скопје до Сончев Град

Со изградбата на новиот патен правец за Сончев Град, кој е во должина од 2,5 км ќе се овозможи директно поврзување на централното градско подрачје на Скопје со новопланираната населба Сончев Град. Патната врска ќе се обезбеди со изградба на регионален пат со коловозна конструкција од 2 ленти со ширина од по 3 м. Вредноста на проектот се проценува на 2 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок за изградба: 2012 година]

Образложение:

И покрај тоа што компанијата „Сан Сити“ од Израел. доби дозвола за градба на Сончев Град , Уставниот суд на Р. Македонија во 2010 година ја укина одлуката за донесување на урбанистички пат. По пет годишна пауза во текот на месец декември 2012 година идејата за изградба на Сончев град, доби нов инвеститор. „Џеваир Холдинг“ од Турција го купи земјиштето за изградба на Сончев град.

Што се однесува на изградбата на регионалниот пат до Сончев град иако требаше да биде завршен во текот на 2012 година, се уште нема најава кога ќе се започне со изградба на истиот.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција