ВМРО-ДПМНЕ: Регионален центар на АРМ за обука во зимски услови

Ќе изградиме Регионален центар за обука во зимски услови на Попова Ш апка, со сместувачки капацитети и рекреативни содржини наменети за обука за припадниците на АРМ и достапни за граѓаните. [Рок: 2013]

Образложение:

Според информациите, изградбата на регионалниот центар на АРМ за обука во зимски услови на Попова Шапка е во тек и сеуште не е завршена. Дополнително, во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери 2011-2014, страна 157, забележано е дека реализацијата на овој проект е во тек. Со оглед на тоа дека рокот за исполнување на ова ветување е 2013 година и истиот е истечен, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција