ВМРО-ДПМНЕ: Регионална даночна академија
Ќе формираме Регионална даночна академија, која ќе биде единствен центар за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточна Европа. Во академијата ќе се врши обука и специјализација од областа на даночната проблематика во согласност со меѓународните и ОЕЦД-стандарди. Целни групи во Македонија што ќе бидат покриени со едукативна програма се вработените во УЈП, финансиските работници од органите на управата, даночните советници, даночните обврзници, како и студентите од факултетите за општествени науки. Рок: мај 2010 година.
Образложение:
Во стратешкиот план на УЈП јасно се гледа дека оваа Регионална даночна академија ќе профункционира во периодот од 2011 до 2013 година.
Линкови
- Управа за јавни приходи на РМ. (21.04.2011). Стратешки план 2011-2013 (пдф). [Пристапено на 30.05.2011.]
- Сител. (06.09.2010). Партиски препукувања меѓу власта и опозицијата. [Пристапено на 31.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар