ВМРО-ДПМНЕ: Регистар на лица осудувани за злоупотреба на деца

Ќе воспоставиме регистар на лица осудувани за сексуална злоупотреба на деца, со што граѓаните ќе добијат можност да се информираат за постоење на лица во нивното соседство кои биле осудени за овој вид криминал. [Рок: 2012]

Образложение:

Предлог-законот, со кој за три месеци треба да се формира ваквиот регистар, веќе е во собраниска процедура. [Ажурирано на: 27.10.2011]

Законот за посебен регистар за лица осудувани за педофилија е донесен на 22.01.2012. Според него, надлежните имаат 3 месеци да го подготват регистарот. [Ажурирано на: 13.04.2012]

На 3 јуни 2012 година, министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, го презентираше Регистарот на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца и педофилија. Овој регистар е достапен на интернет-страницата http://www.registarnapedofili.mk. [Ажурирано на: 04.06.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција