ВМРО-ДПМНЕ: Регистар за пчелни семејства
Ќе се воспостави регистар за пчелни семејства со одбележување на пчелните семејства за поуспешно следење на болестите и поголема контрола на бројот на пчелните семејства во државата, како еден од конкурентите производи со извозен потенцијал. Носител: Агенцијата за ветеринарство и храна. [Рок: март 2012]
Образложение:
Донесен е Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистри на одобрени одгледувалишта на пчелни матици, со кој се уредува водењето на регистарот за пчелни семејства. Според најавите на Агенцијата за храна и ветеринарство, кон почетокот на април 2012 година треба да започне процесот на обележување на пчелните семејства. [Ажурирано на: 02.04.2012]
Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, во врска со проектот за воспоставување на регистар на пчелни семејства, во тек се подготвителните активности. Со оглед на тоа дека е најавено дека целиот проект ќе биде комплетиран до април 2012 година, а ваквиот регистар се уште не е подготвен, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 15.09.2012]
Линкови:
- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистри на одобрени одгледувалишта на пчелни матици. [Пристапено на: 02.04.2012]
- Press24 (20.03.2012): Агенцијата за ветеринарство најавува pегистрација на погоните кои пакуваат мед. [Пристапено на: 02.04.2012]
- Влада на РМ: Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012. [Пристапено на: 15.09.2012]
Оценето од: Дејан Димитриевски
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар