ВМРО-ДПМНЕ: Регулирање работен ангажман на странци
Комплицираните и долги процедури за регулирање на престојот на странците и нивниот работен ангажман во Република Македонија е голем проблем, посебно за странските инвеститори и може негативно да влијае на нивните инвестиции. Затоа, ќе преземеме активности за максимално поедноставување на овие постапки преку воспоставување на едношалтерски систем за регулирање на престојот и работниот ангажман на странците во нашата земја и на едно место да ги добијат сите потребни документи и дозволи. Рок: декември 2008 година.
Образложение:
Олеснувањата се овозможени со измените на Законот за вработување и работа на странци од 13.01.2009 и од 12.030.2010.
Линкови:
- Pravo.org.mk. Закон за вработување и работа на странци. [Пристапено на 24.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар