ВМРО – ДПМНЕ: Рехабилитација и зајакнување на 13 мостови од Коридорот 10  

Трета фаза од проектот за рехабилитација и зајакнување на мостовите во Република Македонија на Коридорот 10. Проектот се реализира во соработка со НАТО и опфаќа рехабилитација на 13 мостови по должината на Коридрот 10 на делницата Велес–Катланово. Со завршувањето на третата фаза од проектот, ќе бидат рехабилитирани и зајакнати вкупно 64 мостови на Коридорот 10. Буџет: 8.600.000 евра  [Рок: 2015 година]

 

Образложение:

Реконструкцијата на 13 мостови по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10,  започна во почетокот на ноември 2013 година, односно пет месеци пред предвремените парламентарни избори (27  април 2014 година). Според тогашните најави, целиот градежен зафат требаше да биде завршен до септември 2015 година.

На 6 ноември 2013 година министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески  означувајќи го стартот на третата фаза од проектот „Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10“, изјави:

Во следниот период ќе бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес – Катланово од Коридорот 10 во вредност од околу 8,6 милиони евра. Активностите од оваа фаза ќе завршат најдоцна до септември 2015 година [Пристапено на: 21.12.2015]

На 14 март 2014 година (во време на предизборието),  Јанакиески  ја посети локацијата каде што (во тоа време) се одвиваа  активности за обнова на мостовите на патниот правец Велес-Скопје ( кај штипската клучка). Тогаш тој  ја даде истата прогноза дека целиот проект ќе финишира во сепетври 2015 година.

Во овој момент се реконструираат три мостови од 13, ова е првиот мост кој се реконструира. Градежните работи се одвиваат согласно динамиката. Најкасно целокупната  реконструкција треба да заврши во септември 2015 година,  вкупната инвестиција е околу 8,6 милиони евра, ( 0 до 0,20 минута од видеото) [Пристапено на: 21.12.2015]

Во врска со реализацијата на овој проект, во ноември 2014 година  беше соопштена истата информација дадена на самиот старт на реконструкцијата на мостовите.

Најдоцна до септември 2015 година треба да биде завршена и третата фаза со која ќе бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра. [Пристапено на: 21.12.2015]

Во април 2015 година медиумите информраа дека почнуваат градежни работи на делницата Велес –Катланово и мостот во Катланово. [Пристапено на: 21.12.2015]

Во јуни 2015 година имаше информација дека  се изведуваат градежни работи на мостот на реката Пчиња во Катланово на автопатот  Велес –Катланово. Беше соопштено дека сообраќајот се одвива по една ленат и дека е палнирано е работите на овој мост да траат околу четири месеци. [Пристапено на: 21.12.2015]

На 21 декември 2015 година од АМСМ известија дека

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. [Пристапено на: 21.12.2015]

Третата  фаза од проектот за Рехабилитација и зајакнување на мостовите во Република Македонија на Коридорот 10, е наведена и во „ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ЗА 2015 ГОДИНА“ ,  при што рокот за завршување на овој проект се пролонгира за една година (2016). Во врска со ова на стр.20 од Програмата се вели:

Оваа година ќе продолжи интензивно да се работи на рехабилитацијата и зајакнување на мостовите на Коридор 10. Проектот опфаќа вкупно 13 моста. Градежните работи се отпочнати на 10 моста, а на 2 места се завршени. Дополнително одобрени се 1,5 милиони евра за санација на лежиштата на мостовите. Со овој дополнителен зафат се обебзедува гаранција за стабилноста на мостовите во следните три до четири децении. Вредноста на овој проект е 9,5 милиони евра, плус 1,3 милиони евра дополнително обезбедени. Проектот се реализира во соработка со НАТО, а носител на проектот е Министерство за транспорт и врски.  Рок: 2016 година. [Пристапено на: 21.12.2015]

Од Министсрството за транспорт и врски вчера (21.12.2015), за Вистиномер изјавија дека 11 мостови од  Третата фаза од Проектот за рехабилитација и зајакнување на мостовите во Република Македонија на Коридорот 10, се целосно завршени. На два моста сѐ уште се работи – едниот е во завршна фаза, а на другиот се во тек градежни активности. Од Министерството велат дека нивната комплетна реконструкција ќе  финишира наредната година.

Имајќи го предвид рокот за реализација на проектот (2015 година), предвиден во Изборната програма,  може да се каже дека  ветувањето е делумно исполнето

 

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција