ВМРО-ДПМНЕ: Рехабилитација, надградба и реконструкција на поголемите железнички станици

 

vmro-dpmneСо рехабилитирање и реконструкција на дел од постојните железнички станици на Коридор 10 и кракот 10-д согласно добрите практики во ЕУ, се овозможува поквалитетна и побрза услуга за патниците, ќе се воведат современи системи за сигнализација и информирање на патниците и ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на пероните, а посебно внимание ќе се посвети на луѓето со специјални потреби на кои ќе им се олесни пристапот до објектот и во него. Проектот ги опфаќа железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино – Вардар, а ќе се финансира со ИПА средства. Буџет: проценета вредност 2,5 милиони евра   [Рок: 2014 – 2015 година]

 

Образложение:

Во март (2015) Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески информираше дека од почетокот на април (2015) ќе започне реконструкцијата на железничката станица во Велес,  како и на уште девет  станици долж Коридорот 10. Јанакиевки рече дека рокот за реконструкција на десетте железнички станици е една година.

„Некои ќе бидат готови порано некои подоцна, а во зависност од тоа што е придвидено за самата градба, односно реконструкција. Градежната компанија е избрана и очекувам надзорот на градба да биде избран во текот на март“[Ажурирано на: 15.03.2015]

 

Реконструкцијата на десет железнички станици требаше да стартува до крајот на 2014 година.  Засега има само најава дека наредниот месец (април) треба да почне обновата на  железничката станица во Велес. Истовремено, изјавата на министерот укажува на тоа дека ќе биде пробиен проектираниот рок за реализација на целиот проект (2015). Така што, може да се каже дека ова изборно ветување е недоследно.

 

Линкови:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција