ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на Албанскиот театар
Во тек е реализацијата на проектот, со кој ќе се добие простор реконструиран и опремен според сите светски стандарди. Носител: НУ Албански театар. [Рок: 2015 година*]
Образложение:
На 11 јануари, започна реконструкцијата на Албанскиот театар, кој треба да добие нова сцена и нова електрична инсталација. Реконструкцијата на театарот, според Министерката за култура, Канческа Милеска, ќе биде завршена до септември 2015 година, а истата е дел од проектите на владеачката партија за реконструкција и изградба на нови културни објекти, со кој се опфатени повеќе театри во земјата.
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Нова електрична инсталација и сцена ќе добие Албанскиот театар во Скопје
- Темелна реконструкција на Албанскиот театар
Оценето од: Наталија Пешиќ
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар