ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на автопатот Катланово-Велес-Катланово

Со рехабилитацијата ќе се подобрат возно-динамичките услови на оваа делница, која е дел од Коридорот 10, ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот преку санирање на небезбедните карпести предели, а истовремено ќе се постави нова сигнализација и осветлување во тунелот. Вредност на проектот е 12 милиони евра, а средствата се планира да бидат обезбедени од Буџет на Република Македонија и од меѓународни финансиски институции. [Рок: 2012-2014* година]

Образложение:

На 28 декември 2012 година, беше пуштен во употреба делот од автопатот „Александар Велики“, во должина од 27 км.  Реконструкцијата ја изведе градежната компанија „Гранит“, за околу 7 милиони евра.

Во Отчетот за сработеното на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „ Инфраструктура“, за  рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово, е наведено:

Со реализација на овој проект ќе се изврши рехабилитација на автопатната делница Велес–Катланово во должина од 23,5 км. Рехабилитацијата опфаќа комплетно вадење на стариот асфалт и поставување на нов асфалтен слој. Се очекува работите да почнат во средината на 2014 година, а да завршат кон крајот на 2015 година [Ажурирано на: 10.04.2014]

Со оглед на тоа што проектот не е реализиран во целост (делницата Велес – Катланово), ова ветување е делумно исполнето.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција