ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на регионалниот пат Анѓелци-Вељуса
Реконструкцијата на оваа делница во должина од 3,1 км со ширина на коловоз од 6 метри ќе овозможи поврзување на населените места Анѓелци, Вељуса и понатаму кон Водоча и Баница. Вредноста на проектот е 700 илјади евра, а средствата се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, како и дел од национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: април 2012]
Образложение:
Подготвителните активности за асфалтирање на регионалниот пат Ангелци – Вељуса се започнати на 7.07.2011 година, но не постојат информации зошто не се завршени во предвидениот рок и дали биле прекинати.
На 8 февруари, 2013 година, на веб-локацијата на ЕБОР е објавен тендер за изградба и реконструкција на регионални патишта, меѓу кои е и регионалниот пат Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница. Тендерот е отворен до 29 март, 2013 година, а според изјавите на официјалните лица, регионалниот пат Анѓелци-Вељуса треба да биде завршен до крајот на 2013 година.
Линкови:
- Општина Василево (07.07.2011): Делницата Ангелци – Вељуса ќе се асфалтира[Пристапено на: 13.02.2013]
- Влада на РМ (18.10.2011): Седница на Економскиот совет [Пристапено на: 13.02.2013]
- Build.mk (14.07.2012): До крајот на годинава ќе се завршат 74 километри регионални и 176 километри локални патишта [Пристапено на: 13.02.2013]
- Сител (14.07.2012): Ѓоргиев: 176 километри локални и 74 километри регионални патишта до крајот на годината [Пристапено на: 13.02.2013]
- Сител (26.01.2013): Пуштена во употреба делницата Сурдулица – Радичево на магистралниот пат Штип – Струмица [Пристапено на: 13.02.2013]
- Build.mk (08.02.2013): Распишан тендер за реконструкција на четири регионални патишта [Пристапено на: 13.02.2013]
- European Bank for Reconstruction and Development (08.02.2013): Project: Rehabilitation and Improvement of Regional Roads [Пристапено на: 13.02.2013]
Оценето од: Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар
Реакциите се онеспособени за овој пост